Срѓан Захариевски ќе биде нов тренер на Вардар. Како што дознава „СпортСпорт“, Захариевски се договорил со управата на Вардар и во следните две годни ќе биде на кормилото на „црвено-црните“.
Во изминативе 24 часа имаше неколку имиња во комбинација за наследник на Горан Петревски кој во саботата по поразот од Воска Спорт си поднесе оставка. Очигледно по интензивните разговори, одлуката падна на Захариевски, кој минатата сезона беше на клупата на Воска Спорт.