Роналдо повторно повикан во репрезентацијата на Португалија за ЛН

94

Кристијано Роналдо повторно се најде во составот на португалската репрезентација за натпреварите од Лигата на нации.

Португалската фудбалска федерација го објави списокот на репрезентативци кои ќе учествуваат во натпреварите од Лигата на нации против Хрватска и Шкотска. Средбите се закажани на 5, односно 8 септември.

На списокот беа вклучени вкупно 25 играчи:

Голмани: Диого Коста (Порто), Хозе Са (Вулверхемптон), Руи Силва (Реал Бетис).

Одбранa: Рубен Диас (Манчестер Сити), Антонио Силва (Бенфика), Ренато Веига (Челзи), Гонсало Инасио (Спортинг), Тиаго Сантос (Лил), Диого Далот (Манчестер Јунајтед), Нуно Менде[ (Пари Сен Жермен), Нелсон Семедо (Вулверхемптон).

Среден ред: Жоао Палиња (Баерн Минхен), Жоао Невеш (Пари Сен Жермен), Витиња (Пари Сен Жермен), Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), Бернардо Силва (Манчестер Сити), Рубен Невес (Ал-Хилал), Жоао Феликс (Челзи), Франциско Тринкао (Спортинг), Педро Гонсалвес (Спортинг).

Напаѓачи: Рафаел Леао (Милан), Џовани Квенда (Спортинг), Педро Нето (Челзи), Кристијано Роналдо (Ал Наср), Диого Жота (Ливерпул).

ПретходноТрансфер пазарот заврши, но Рабио, Депај, Марсијал, Навас, Хумелс, Рамос… се уште немаат клуб!
СледноГоразд Михаилов ќе биде нов тренер на Брера