Нашата најдобра репрезентација речиси цела година не знае што е тоа победа. Последен пат тоа сме го сториле на 17 октомври и тоа против Ерменија во пријателски меч со 3:1. Од тогаш па наваму сме одиграле шест средби, од кои четири пријателски и имаме четири порази и две ремија.
Можеби затоа на денешниот собир селекторот Благоја Милевски на Столе Димитриевски и Енис Барди, претпоставуваме дека им кажа, дека мора да се почне со победи.
Да потсетиме дека играме во Лига Нации со Ф. Острови и со Ерменија.
Убаво фото, се разбира за фото на денот според “СпортСпорт“.