Откако не успеа да се снајде во НБА лигата, францускиот кошаркарски репрезентативец Еван Фурние размислува за враќање во Европа.
Според некои угледни новинари, Фурние е во преговори со повеќе клубови од Евролигата, а во прв ред грчки Олимпијакос.
Доведувањето на Фурние ќе бара значителен напор од која било од екипите што сакаат да го ангажираат. Според некои информации, Французинот барал најмалку 2 милиони евра годишно.
Кој ќе биде нов клуб на Фурние ќе биде познато оваа недела, а покрај Грците во игра се и Реал Мадрид, Емпорио Армани Милано и Асвел Вилербан, но и српска Црвена Звезда.