Анчелоти: Изгледаме подобро, Мбапе не е под притисок дека мора да дава голови

149

Тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти по вчерашната тешка победа над Бетис од 2:0, вели дека желбата и ентузијазмот пресудиле во полза на „кралевите“.

„Имавме желба, ентузијазам, мотивација. Тоа го правиме постојано обидувајќи се да станеме подобри. Одигравме добар натпревар и изгледавме покомплетно. Со убави чувства заминуваме на пауза“, вели Анчелоти.

За двата гола на Мбапе, Италијанецот вели:

„Ние никогаш не го притискавме за голови. Вини му даде да го изведе пеналот, бидејќи е важно да постигне гол, но ние повеќе ја цениме тимската работа и таа беше подобра од минатиот натпревар. Винисиус постапи многу алтруистички со тоа што му го додели пеналот на Мбапе. Тие имаат добри односи“, рече главниот тренер на Реал Мадрид.

ПретходноГери Невил: Во изминатите 10 години Манчестер Ј. стана гробишта за фудбалерите
СледноПознати термините за ЛШ: И Струмица и Работнички домаќини во салата „Парк“ во Струмица