По нашата денешна најава, ФК Вардар и официјално излезе со потврда на информацијата дека Срѓан Захариевски ќе биде нов тренер на македонскиот фудбалски гигант. По заминувањето на Петрески од клупата на „црвено-црните“ имаше бројни шпекулации околу неговиот наследник, но се чини по денешните утрински преговори изборот падна на Захариевски.
Захариевски минатата сезона беше на клупата на Воска Спорт, со која успеа да дојде и до финалето на Купот на Македонија. Сега ќе има тешка задача да го среди Вардар во битката за што подобар пласман во прволигашката конкуренција.