Гери Невил: Во изминатите 10 години Манчестер Ј. стана гробишта за фудбалерите

434

Некогашниот фудбалер на Манчестер Ј., Гери Невил, кој сега работи како тв-аналитичар, уште еднаш имаше сериозни критики кон својот поранешен клуб, по вчерашниот тежок пораз на дербито со Ливерпул на домашен терен (0:3).

„Најголемиот проблем на Манчестер Јунајтед е што сега врвните играчи немаат мотивација да одат таму. Во изминатите 10 години клубот стана гробишта за фудбалерите. Претежно оние кои дојдоа со добро реноме, но не постигнаа успех. Ова се однесува и на домашните играчи и на странците. Кога се вратив од Валенсија, мислам дека во април 2016 година дојдов тука. Тоа беше еден од последните натпревари на Луј ван Гал. Тие играа со Кристал Палас во вторникот вечерта и стадионот беше полупразен. Си помислив: „Ова е сигнал“. Денеска кога на 5 минути пред крајот на натпреварот останаа 25 илјади луѓе на стадион со капацитет од 74 илјади гледачи, тоа е голем проблем за Тен Хаг. Ова не може да продолжи. Мислам дека ќе има неколку месеци да ги адаптира новите играчи. На крајот на ноември Манчестер Јунајтед би требало да биде повисоко од осмото место, а во декември да се најде меѓу првите четири или пет. Ако Тен Хег не го доведе тимот на овие позиции до Божиќ, нека се подготвува за проблем“, вели поранешниот играч на Манчестер.

ПретходноКонечно и Мбапе “тресе“ во Ла Лига! “Бернабеу“ во еуфорија, Реал го победи Бетис! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноАнчелоти: Изгледаме подобро, Мбапе не е под притисок дека мора да дава голови