Откако вчера Брера и досегашниот тренер Бојан Круљ ја завршија соработката, денеска стигнуваат и првите вести за неговиот наследник на клупата на струмичани. Според информациите до кои дојде „СпортСпорт“, нов предводник на Брера треба да биде екс-тренерот на Вардар, Горазд Михаилов.
Михаилов си замина од кормилото на „црвено-црните“ по само две кола во домашниот фудбалски шампионат. Останува да се завршат преговорите и тој да ги преземе струмичани во продолжението од сезоната.