Од денеска нашите најдобри фудбалери се во “погон“. Ги стартуваа подготовките, го одработија првиот тренинг и со верба во себе ги очекуваат мечевите со Ф. Острови и Ерменија во Лигата на Нации.
За тоа што може да се очекува свое видување има Димитар Митровски, офанзивниот играч за врска:
„Па, целта е да се освои првото место во групата. Против Ф. Острови влегуваме како фаворити на мечот, но тоа ќе биде тежок натпревар. Секако дека треба да се прилагодиме и на временските услови, се знае дека таму тие се поинакви. После паузата секогаш е тешко. Сепак кога се игра за националниот дрес треба да се дава 200 насто што се вели. Се надевам дека ќе има голови, посакувам јас да бидам стрелец, но поважно е Македонија да победува“ истакнува Митровски.