Драган Канатларовски: Против Холандија да се прикажеме во вистинско светло, со Гибралтар одиме на победа!

116

Нашата млада репрезентација го имаше собирот и го одработи првиот тренинг во пресрет на двете квалификациски средби во групата за ЕП 2025, против Холандија и Гибралтар.

Во пресрет на двете гостувања, свој коментар даде и селекторот на У-21 Македонија, Драган Канатларовски:

Јасно е дека Холандија има силна и квалитетна репрезентација. Ние ќе се обидеме да одиграме квалитетен меч, секој позитивен резултат за нас е добредојден. Верувам во овие репрезентативци, има во нив сила и капацитет. Квалитетот на противникот нас ни дава шанса да се прикажеме во вистинско светло, да се даде се од себе и секој од нас да очекува позитивен резултат. Како ќе стигнеме до него и дали ќе стигнеме, тоа зависи и од нас и од противникот“ посочи Канатларовски.

За гостувањето кај Гибралтар тој посочи:

За тој втор меч можам да кажам дека сме поквалитетни од Гибралтар, но секогаш однапред добиените се најтешки за играње. Верувам дека ќе го дадеме својот максимум и јас очекувам победа. Во секој случај нема да го потцениме Гибралтар“.

ПретходноТФТ организатор на меморијален турнир „Андреј Грковски – Тафта“, ќе играат и МЗТ Скопје и Работнички!
СледноНационалите ги стартуваа подготовките за Ф. Острови и Ерменија, допрва ќе се комплетираат! (ФОТО)