Каков ден за фановите на Галатасарај. Откако се дозна дека Виктор Осимен е веќе догворен, остануваат само уште деталите да се “испеглаат“, нови “бомби“ се на повидок. Станува збор за двајца екс играчи на Јувентус и тоа Филип Костиќ и Адриен Рабио.
Медиумите во Турција просто “збеснаа“, фановите на Галата се во екстаза, вистински “земјотре“ го погоди Босфор во текот на денешниот ден.
Секоја чест за Мурињо и Фенер, заедно со Џеко и Тадиќ, но Галата со Осимен, Костиќ и Рабио и со останатите ѕвезди во тимот едноставно ќе нема конкуренција во Турција.