Надежите го одработија првиот тренинг во Амстердам! (ФОТО)

191

Младата селекција на Македонија до 21 година веќе е во Амстердам, каде ќе ги одработи подготовките за мечот од квалификациската група за пласман на ЕП 2025 против Холандија. Оваа средба се игра во четврток со почеток од 20 часот и тоа во Алмере.

Во текот на денешниот ден експедицијата пристигна во Амстердам и веднаш беше одработен првиот тренинг каде условите биле одлични според информациите од нашиот табор.Вечерва треба да пристигнат и Алчевски и Ангелов со што У-21 селекцијата на Македонија ќе се комплетира.

Само уште да додадеме дека по мечот со Холандија, нашите надежи го очекува уште едно гостување потоа и тоа на Гибралтар на 9 септември.No description available. No description available.

Претходно“Земјотрес“ во Истанбул: По Осимен, Галата ќе ги потпише и Рабио и Костиќ!
СледноМакедонија до 19 години на тренинг камп во Кичево