Никола Серафимов: Не можеме да бегаме од фаворитската улога

222

Македонската репрезентација ги почна подготовките за првите два натпревари од Лигата на нациите. Првиот меч е со Фарски Острови во Торшавн, а потоа со Ерменија во Скопје.
Сите што се на списокот на селекторот поминаа подготвителен период и почнаа да играа во своите клубови, некои и во европските квалификации. Најголемиот дел од фудбалерите доаѓаат максимално подготвени.
Секој меч си има своја тежина. Ние имаме заедничка цел и сите се спремни да се стават во функција на тимот и да стигнеме до првото место во групата“, вели репрезентативецот Никола Серафимов.

Не смееме да потцениме никого. Репрезентацијата на Фарски Острови не е наивна, тоа го покажуваат нивните клубови кои бележат подем во евро-натпреварувањата. А ние не можеме да бегаме од фаворитската улога и мислам дека можеме да ја оправдаме таа улога.
Секогаш првиот меч има своја тежина и многу е важно како ќе ги започнете квалификациите. Многу е добро да се почне со три бода. Тоа што играме на гости ни става дополнителна тежина, но, пак ќе кажам, не можеме и не смееме да бегаме од фаворитската улога“, додаде фудбалерот на Фехервар.

ПретходноКонте дециден: Во Наполи нема место за Осимен
СледноБорац Бања Лука го претстави Бобан Николов