Реал Мадрид ТВ: Со такво судење, чудо е како освојуваме титули

2055

Веќе стана пракса во Шпанија. По мечот со Бетис кој Реал го доби со 2:0, во анализа на мечот од телевизискиот канал на „кралскиот клуб“ го критикуваа судијата Алберола Рохас поради некои негови спорни одлуки.

Од таму сметаат дека при 0:0 имало ситуации по кои „кралевите“ можеше да добијат пенали. Според Реал Мадрид ТВ имало најмалку две ситуации за пенал, но Рохас барал изговор да не покаже ниту еднаш на белата точка во тие моменти.

Во првата ситуација, според Реал Мадрид ТВ, се работи за игра со рака на дефанзивецот на Бетис, Диего Љоренте во казнениот простор во првото полувреме. Втората е фаул на Сабали врз Дани Себаљос во второто полувреме, а трето е фаулот од гостинскиот голман врз Винисиус. Во третата ситуација судијата досуди пенал и Мбапе постигна гол.

„ Ова со Лоренте е пенал како од учебниците – коментираат новинарите од „белата“ телевизија.

„Раката не му е прикачена на телото. Судијата Алберола Рохас се оправда со гест, ставајќи ја раката зад грб. Ова е лага. Лаже затоа што во реалноста дефанзивецот на Бетис ја немаше раката зад грб. Ова е очигледна небрежност. Тоа е тажна приказна бидејќи се случи на 0:0“.

 

„Истото е случајот и со Себаљос. Тоа беше силен удар во неговата нога. Апсурдно е, судијата требаше да го види ова – со оглед на тоа што се случи пред негови очи“, коментираат од телевизијата.

 

Тогаш Вини Жуниор влезе во шеснаесетникот и дојде на интервенција на голманот Руи Силва . Најпрво главниот судија молчеше за фаул. Следуваше интервенција на ВАР и го повикаа Рохас да ја разгледа ситуацијата. Откако гледаше реприза, се согласи со колегите во собата, кои рекоа дека чуварот го сопнал бразилскиот напаѓач.

 

Луѓето велат дека ние во Реал Мадрид ТВ само така зборуваме, но вистината е дека не ни е грижа дали тимот ќе победи, ремизира или загуби. Срамота! Само се сомневаме во судењето во целина. Зошто ВАР не интервенираше во првите два пенали? Има цела кампања против нас со цел да го оцрни Реал Мадрид. Вистинско чудо и херојство е што Реал сепак успеа да ја освои шампионската титула“, заврши клупскиот канал.

(ЦЕЛИОТ ТЕКСТ НА ОВОЈ ЛИНК)

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 4.КОЛО: Јахја блескаше на Арената!
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Сеит Крека (Воска Спорт)