Реал Мадрид тргнува по охриѓанецот Џеди Осман!

1040

Како што пишува италијанскиот портал “Спортандо“, а и “Марка“ пренесува, Реал Мадрид и дефинитивно тргнува по Охриѓанецот Џеди Осман. Да потсетиме дека пред три дена имаше најави дека Осман ќе се врати во Европа и ќе потпише за Партизан, сепак ништо од тоа.

Но затоа Реал Мадрид и тоа како бил во игра.

Имено на центарот му истече договорот со Сан Антонио, тој сака да остане во НБА, но засега нема ништо конкретно каде би ја продолжил својата кариера во најсилната лига во светот.

И се ова сака да го искористи Реал Мадрид за да го доведе турскиот репрезентативец со потекло од Македонија, во своите редови. Со Осман “кралевите“ и дефинитивно би имале екстра тим способен и тоа како да ја врати титулата во Евролигата, што во наредната сезона ќе биде нивна примарна цел.

ПретходноФото на денот: Столе, Енис…мора да почнеме да победуваме!
СледноХаос на УС Опен: Дел од мечевите во еден момент биле прекинати!