Симеоне со синот во 2004 и Симеоне со синот во 2024 година

789

Диего Симеоне е тренер на Атлетико Мадрид веќе 13 години, а оствари многу значајни резултати со оваа екипа два пати освојувајќи ја Ла Лига, два пати Лига Европа, два пати Суперкупот на УЕФА, еднаш Купот на Кралот и два пати играше финале на ЛШ.
Тој е вистинска легенда на клубот.

Во 2004 година Диего Симеоне беше играч на Атлетико и со тогаш едногодишниот син Џулијано Симеоне во рацете се поздрави со 40.000 навивачи на Атлетико објавувајќи заминување од „Винсенте Калдерон“.

Во неделата, 20 години подоцна Диего Симеоне како тренер на Атлетико му објаснува на 21-годишниот Џулијано што да прави на теренот на неговото деби за првиот тим на „јорганџиите“.

Фантастична приказна!

ПретходноСензационално: Осимен во нападот на Галатасарај!
СледноФОТО НА КОЛОТО: Шоуто на “Комити“!