Тен Хаг: Јас не сум Хари Потер, но верувам дека можеме да се бориме за трофеј

105

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг по поразот од Ливерпул вчерва изјави дека е убеден дека неговиот тим има шанси да стане шампион оваа сезона. Тој не сака да гледа негативно на мечот со Ливерпул и порача дека никој не треба да очекува од него магични резултати.

„Јас не сум Хари Потер, мора да признаете. За тројца играчи ова беше првпат да ја стартуваат оваа сезона. Мануел Угарте не играше затоа што мора да влезе во форма, а потоа ќе најдеме место за него во тимот, сигурен сум дека ќе придонесе за нас, но тоа ќе трае неколку недели, можеби и еден месец“, рече Тен Хаг.

Според Холанѓанецот, неговиот тим е подобар од пред две години кога го презеде, бидејќи „во спротивно немаше да освојуваат трофеи и да победуваат поголеми противници“.

„Ова е трет натпревар во сезоната. Мораме да изградиме нов тим. Ќе бидеме добри, но јасно е дека треба да се подобриме. Јас сум доста уверен дека на крајот од сезоната ќе имаме одлична можност да подигнеме уште еден трофеј“, изјави Тен Хаг.

ПретходноПознати термините за ЛШ: И Струмица и Работнички домаќини во салата „Парк“ во Струмица
СледноФонсека има три меча да го среди Милан, инаку не му бега отказ