Ретко кој очекуваше дека Воска на гости кај Вардар ќе одигра квалитетно, ќе одигра и повеќе од своите моментални квалитети и ќе забележи триумф со 1:3. Ова е голема победа на тимот од Охрид, на тимот кој пред стартот на сезоната беше апострофиран како прв кандидат за титулата.
Кога се игра така на Арената, кога ќе се победи нашиот најтрофеен клуб со убедливи 1:3, секако дека еден од најзаслужните е и стратегот на тој тим.
Токму затоа Сеит Крека според „СпортСпорт“ е тренер на ова 4.коло.