Фонсека има три меча да го среди Милан, инаку не му бега отказ

243

Во Милан врие како во котел. Бурата не стивнува и по ремито со Лацио, но не најмногу поради резултатт, туку поради комплетно нарушените односи во соблекувалната.

Имено, новиот тренер на Милан, Фонсека, е во конфликт со двете големи ѕвезди на „росонерите“, Тео Ернандез и Рафела Леао. Споменатиот двоец го донесе ремито на мечот со Лацио откако влегоа на теренот, но иако негираат, покажаа што мислат за тренерот на една од оние паузи за освежување, кога едноставно останаа на теренот не сакајќи да му пријдат на португалскиот тренер.

Во Италија веќе се шпекулира дека поранешниот тренер на Рома има три натпревари за да покаже дека ја заслужува клупата на Милан и да ги среди работите со фудбалерите. Имено, по репрезентативната пауза, мечевите со Венеција, Ливерпул и дербито со Интер ќе бидат пресудни за него.

Ако тоа не се случи, Милан веќе бара негова замена. Прва опција е враќањето на Пиоли по неколку месеци од заминувањето од клубот, а во игра се споменуваат и

Маурицио Сари и Пипо Инзаги.

ПретходноТен Хаг: Јас не сум Хари Потер, но верувам дека можеме да се бориме за трофеј
СледноЗахариевски е изборот за нов тренер на Вардар!