Фурние се враќа во Европа, Реал, Олимпијакос, Ц. Звезда во битка за неговиот потпис

340

Откако не успеа да се снајде во НБА лигата, францускиот кошаркарски репрезентативец Еван Фурние размислува за враќање во Европа.

Според некои угледни новинари, Фурние е во преговори со повеќе клубови од Евролигата, а во прв ред грчки Олимпијакос.

Доведувањето на Фурние ќе бара значителен напор од која било од екипите што сакаат да го ангажираат. Според некои информации, Французинот барал најмалку 2 милиони евра годишно.

Кој ќе биде нов клуб на Фурние ќе биде познато оваа недела, а покрај Грците во игра се и Реал Мадрид, Емпорио Армани Милано и Асвел Вилербан, но и српска Црвена Звезда.

ПретходноГоразд Михаилов ќе биде нов тренер на Брера
СледноАл-Итихад понуди 35 милиони евра за Тросар