Хаос во Израел: Арапски навивачи не ја почитувале химната, домашните навивачи ги нападнале

572

Хаотични сцени во најсилната фудбалска лига на Израел откако се степаа навивачи на Хапоел Бер Шева и Бнеи Сакхин. Гостинските навивачи од Сакхин, во потполност арапски државјани во Израел, не ја испочитувале израелската химна, поради што на теренот влегле навивачите на домашниот Хапоел и направиле хаос.
Навивачите на Бнеи одлучиле да свртат грб за време на интонирање на химната на Израел. Домашните навивачи се стрчале на терен и физички се пресметале до гостите.
Епилогот е 12 уапсени навивачи на Хапоел и неколку повредени на Бнеи. Мечот е прекинат.
Првиот човек на Бнеи, Мухамад Абу Јунес и наредил на екипата да се повлече од теренот. Мечот не продолжил, а Израелците од Хапоел бараат мечот да се регистрира со победа на домаќинот затоа што гостите се повлекле во соблекувалната без дозвола на судијата.
Дисциплинската комисија ќе ја донесе конечната одлука.

ПретходноСобир на репрезентативците – прв тренинг и план за Фарски Острови (ФОТО)
Следно60 ПРИЧИНИ ЗА СРЕЌА, ЕКСКЛУЗИВНА МОЖНОСТ ЗА ПЕНЗИOНЕРИТЕ ВО „ФЛЕКС КРЕДИТ“