Tренерот на Наполи, Антонио Конте уште еднаш потврди дека Виктор Осимен не е во неговите планови тој нема да биде вратен во тимот за тековната сезона во Серија А.
„Ниту еден играч нема да биде реинтегриран. Оние играчи кои се надвор од проектот ќе останат таму. Го направивме нашиот избор и ќе продолжиме да работиме заедно во иста насока“, изјави Конте.
Осимен претходно беше исклучен од тимот откако Наполи го донесе Ромелу Лукаку.