Сепак Виктор Осимен нема да остане без клуб. Откако поради негова вина пропадна трансферот во Челзи, а потоа и во С. Арабија, од Наполи беа одлучни на тоа дека за Нигериецот нема место во нивниот тим, посебно кога Лукаку дојде под Везув, сега тој ќе игра во Турција.
И тоа во тимот на Галатасарај. Ова го пишуваат медиумите во Турција и Италија.
Наполи го пушта во Галатасарај на позајмица, но под услов клубот од Истанбул да ја исплатува целата плата на Нигериецот.
Останува сега клубовите да се договорат.