Фудбалската репрезентација на Македонија ги извршува последните подкотовки пред натпреварите против репрезентациите на Фарски Острови и Еренија во рамките на Лигата на Нации. Своето мислење пред овие натпревари го сподели нашиот репрезентативец Исник Алими.
„Завршивме со пријателските натпревари и сега ни следуваат посериозни дуели. Ќе играме на гости, па поради тоа ќе биде потешко за нас, но ние мораме да победуваме. Денес нема слаби репрезентации, односно сите денес играат фудбал. Нашата цел се трите бода и ништо помалку. Ние имаме добар тим и фудбалери кои настапуваат во добри лиги. Мораме да ја играме нашата игра, да ја држиме топката и да постигнуваме голови. Селекциите како Фарските острови се опасни бидејќи тие организирано се бранат и не оставаат многу простор во последните 30 метри. Ние треба да сме брзи и доколку постигнеме побрз гол тоа ќе ни ја олесни работата.“
Нашата селекција натпреварот со Фарски острови ќе го одигра во Сабота на 7-ми септември во Торшавн. Три денаа подоцна нашата селекција ќе се соочи со репрезентацијата на Ерменија на домашен терен во Скопје.