Македонскиот репрезентативец, Агон Елези ќе биде дел од националниот тим на стартот на Лигата на Нации. Фудбалерот на Бохум не го крие дека повторно е со сениорскиот тим.
Македонскиот репрезентативец, Агон Елези ќе биде дел од националниот тим на стартот на Лигата на Нации. Фудбалерот на Бохум не го крие дека повторно е со сениорскиот тим.
„Мило ми е што повторно сум дел од репрезентацијата. Во тимот владее позитивна атмосфера. Нашата цел е првото место. Почеток на сезона сме и сите момци се максимално подготвени и се желни за добар резултат“, вели Елези.
Првиот дуел, македонската фудбалска репрезентација го игра на 7. септември против Фарски Острови, додека пак за три дена ја пречекува Еремина на гости. Тој не крие дека целта е прво место во групата.
„Фарски острови е многу незгоден ривал. Мора да се прилагодиме на нивната подлога со вештачка трева, но верувам во моите соиграчи и во позитивен резултат. Македонија во оваа група цели кон првото место со оглед на нашиот квалитет имаме право да веруваме“, истакна Елези.