Захариевски: Можам да ветам многу работа, можам да ветам дека Вардар ќе биде борбен и мотивиран! (ВИДЕО)

1090

Од вчера и официјално Срѓан Захариевски е нов шеф на стручниот штаб на Вардар. Захариевски важи за еден од нашите најдобри тренери и во јавноста се говори дека ангажманот на Захариевски како тренер на нашиот најтрофеен клуб е вистински потег.

Захариевски знае добро што го очекува, бил играч на Вардар.

Тој своето прво интервју како тренер на Вардар го даде за клупскиот ФБ.

-Вашата цел и вашите амбиции како шеф на Вардар:

Прво голема благодарност до раководството, навивачите, структурите на ФК Вардар што ми дадоа можност и што бев нивниит избор да го водам Вардар. За Вардар не сакам да трошам зборови што значел во минатото, што значи сега и што ќе значи во иднина. Во врска со амбициите, да кажам дека доаѓам во незгоден момент, каде што не можеме да корегириме во физичка подготовка или нови играчи.Ќе пробаме уште два – три дена во преодниот рок ако може да се засилиме со нови имиња. Сепак ова е преодна фаза, ова е добар почеток од она што го слушав и од она што беше презентирано. За среќа за сите во Македонија доаѓаат добри денови во Вардар, носега амбициите се да го стабилизираме Вардар, да играме подобро, пред се да се бориме. Тоа ќе се види во секој случај од сите, а амбициите се Вардар да победува, и така и ќе биде“ вели Захариевски.

-Одговорноста и притисокот како тренер на Вардар, знаеш каков е и како играч?

Знам дека притисокт е многу голем како играч на Вардар, но тој притисок и одговорност ја делиш со соиграчите. А секогаш некој друг е виновен, се знае кој. Сега јас сум тренер и јас сум „виновен“ што се вели. Секако дека го прифаќам предизвикот, секаде имав притисок како тренер, можам да ветам само многу работа, многу борба и мислам дека тоа ќе се види. Каде ќе стигнеме, крајот ќе покаже“.

-Дали го следевте Вардар во минатите четири кола, ваш коментар:

Сега да бидеме реални не беа добри овие изминати четири меча. Секако дека моите претходници го дале максимумот. Останува да видиме што тоа не е добро, за две недели се сменија двајца мои пријатели, двајца мои тренери на кои им посакувам многу среќа и успеси во иднина. Сакале секако дека да го извадат најдоброто од Вардар, но она што беше прикажано навистина не беше добро. Ќе мора многу да се работи и на оној психолошки план. Ќе подобриме што може да се подобрим, едноставно да се бориме на секој меч за победа“.

-За две недели е мечот со Гостивар?

Тоа е тим кој што често ги менува играчите. Јас Гостивар оваа сезона го немам гледано, но секако дека ќе направиме добра анализа. Пред се тоа е квалитетен тим. Има и нови имиња како Марко Симоновски кој беше кај мене во Металург кога бев тренер таму. Секако дека ќе направиме добра анализа и ќе бидеме подготвени за тој меч“.

-Има неколку повредени:

Знам дека има повредени, ќе се видам и со докторот на тимот да видам до каде и од што се повредите. По попладневниот тренинг ќе имам некоја слика до каде се повредите. Се надевам дека ќе заздрават до мечот со Гостивар за две недели. На крај да кажам дека можам да ветам дека Вардар ќе се бори на секој натпревар, ќе има желба, ќе има мотив кај играчите. Играчите да бидат свесни дека имаат одлични услови за работа. Ова го немаат многу европски клубови. И на крај да кажам дека со нашиот 12-ти играч, нашите фанови ќе успееме да ги оствариме целите за оваа сезона“ заврши Захариевски.

ПретходноМедведев: Никогаш да не се повтори!
СледноГрчевски е нов тренер на ГРК Тиквеш