Кристијано Роналдо пред натпреварот на Португалија против Хрватска даде неколку интересни изјави наменети за оние кои го чекаат крајот на неговата репрезентативна кариера. Со 39 години тој очекува повторно да биде стартер. На некои во Португалија им пречи и мислат дека треба да се збогува со репрезентацијата.
На ЕП во Германија не постигна ниту еден гол, а многумина мислат дека игра на сила и само за да и се реваншира на селекцијата на Португалија.
Сега на оваа тема проговори и самиот Роналдо. Накратко, другите нека мислат што сакаат, тој има свое мислење и верува дека сепак треба да биде таму и да биде стартер.
“Во мојата глава секогаш сум стартер. Така ќе мислам до крајот на кариерата. Вашето мислење може да биде поинакво. Ги почитував одлуките на сите тренери во сите клубови. Еднаш или двапати можеби не, затоа што се однесуваа лошо со мене.
Кога нема работна етика кај играчот, а тој играч игра, тогаш тоа е контроверзно. Тоа не е случај со мене. Чувствувам дека сепак давам дополнителна вредност на овој тим, а тоа го потврдуваат и зборовите на тренерот”, истакна и заклучи:
„Кога веќе нема да можам да придонесувам за тимот, кога ќе му станам товар, прв ќе си заминам. Но, ако заминам, сакам да заминам со чиста совест. Знам кој сум, што можам да направам и што треба да направам за да останам на тоа ниво се чувствувам добро и среќно“.