Каков ден за сите во Ц. Звезда, посебно за фановите на овој клуб. Шампионот на Србија и учесник во претстојната сезона во Лигата на Шампионите, успеа да договори три екстра засилувања. Тоа се репрезентативецот Немања Радоњиќ, потоа некогашниот играч на Милан, Раде Круниќ и репрезентативецот на Конго, доскорешен член на Штутгарт Силас Мвумпа.
За последниот раководството на “црвено – белите“ ќе платат откупна цена од 10 милиони евра што е најскап трансфер во историјата на некогашниот европски шампион.
По сите овие потези секако Ц.Звезда сака да одигра квалитетни натпревари во Лигата на Шампионите, а не само да учествува.