Абутовиќ: Столе и Владо ми рекоа – “зелено не ти стои убаво“!

555

Познато е дека едно од изненадувањата во преодниот рок е она дека Илија Абутовиќ, легендарниот вардарец се врати во Македонија, но потпиша за Пелистер.

Секако дека ова наиде на одобрување кај битолчани, но не и кај поголем број фанови на некогашниот двоен европски првак.

Абиутовиќ во интервју за “Балкан – хендбол“, покрај другото се осврнува и на “’блиската“ средба што ја имал на турнирот во Струга со тренерите на Вардар, Владо Недановски и Столе Стоилов:

Како прво Владо и Столе се мои големи пријатели. Сепак ми рекоа – “зелено не ти стои убаво“, се знае на што мислеа. Јас сум професионалец, во Вардар минав прекрасни моменти, но сега сум во Пелистер“ рече покрај другото српскиот ракометар, кој во следната сезона ќе го носи дресот на Пелистер.

ПретходноВолков и Ангеловски ќе и помогнат на Струмица во Лигата на шампионите
СледноЛазаров пред Суперкупот: Пелистер е квалитетна екипа, наше е да го дадеме најдоброто од себе!