Според извештајот на ФИФА за летниот преоден рок 2024, англиските клубови потрошиле 1,69 милијарди долари на потписи на нови играчи. Англичаните се лидери и ова лето во оваа ставка на трошење за нови засилувања.
Италија го зазеде второто место во однос на трошоците за трансфери (825 милиони долари), Франција е трета (697 милиони долари), а потоа следат Шпанија и Германија (599 милиони долари и 572 милиони долари, соодветно).
На 6-то место на листата се најдоа клубовите од Саудиска Арабија кои направија трансфери во вкупна вредност од 431 милион долари. Треба да се напомене дека минатата година саудиските клубови беа втори во светот по потрошени 875,4 милиони долари.
Меѓу земјите од Латинска Америка, Бразил осстана лидер во трошоците за трансфери – 180 милиони долари.