Младинскиот шампион на Македонија, АП Брера го доби противникот во првото коло од младинската Лига на шампиони. Фудбалерите на македонскиот тим до 19 години ќе играат против шампионот на Босна и Херцеговина, Сараево.
Првиот натпревар АП Брера ќе го одигра на 18. септември на домашен терен, додека реваншот е закажан за 2. октомври во Сараево.
Доколку го помине првото коло во второто, противник на Брера Струмица како младински шампион на Македонија ќе биде израелскиот состав на Макаби Петах.