Летонскиот кошаркар Дејвис Бертанс ќе остане во НБА и следната сезона. Иако беше желба на белградски Партизан, Летонецот најверојатно ќе добие договор со екипата на Голден Стејт.
Покрај Партизан, за неговите услуги се интересираше и Реал Мадрид, но одличниот шутер реши да остане во НБА и најверојатно во составот на Вориорс со кои и тренира заедно.
Вориорс останаа без Клеј Томпсон и го доведоа Бади Хилд на позицијата шутер, а со оглед на нивниот стил на кошарка, играч како Бертанс одлично би се вклопил, па не е изненадување што соработката се споменува како веќе завршена работа.