Како што дознаваме Немања Босанчиќ (29), играчот за врска од Србија, некогашен фудбалер на Струга ТЛ е првото засилување на новиот стратег на нашиот најтрофеен клуб, Срѓан Захариевски. Босанчиќ и тоа како му е познат на Захариевски со оглед на тоа дека му беше тренер во Струга ТЛ пред две години и беше еден од најдобрите фудбалери во ПМФЛ.
Станува збор искусен играч за врска, кој може да игра на повеќе позиции, специјалист за изведување на слободни удари, тоа најдобро го покажа кога играше за стружани.
Босанчиќ во последно време играше во клубови од Литванија, Кина и Финска. Секако дека Босанчиќ ќе биде екстра засилување за Вардар.