Чилеанскиот голман Кристобал Кампос загуби дел од ногата во несреќа. Како што објавија од неговиот клуб, голманот доживеал сообраќајна несреќа, поради што се здоби со делумна ампутација на десната нога на ниво на скочниот зглоб. Тој бил пренесен во болница, каде што лекарите се обиделе да ја вратат функционалноста на екстремитетот.
Гиљермо Ли, претседателот на Сан Антонио Унидо, зборуваше за моменталната состојба на Кампос.
„Во овој момент се разбуди, со мајка му до него. Докторот вели дека има надеж за успешна операција. Првата информација што ја добив беше дека на Кристобал му била ампутирана ногата за да го извлечат од автомобилот. Беше страшно, а тоа беше информацијата со која дојдов од болницата“, рече Ли.