Медведев: Никогаш да не се повтори!

6360
Фото: УС Опен/Твитер

Рускиот тенисер Данил Медведев ја прокоментира чудната ситуација, која беше видена на УС Опен. За време на неговиот натпревар против Борхес, се вклучија алармите за пожар.

Затоа овој меч беше прекинат на почетокот од третиот сет.

„Тоа е лудо. Не знам што се случи. Беше малку чудно. Добро се вратив. Тие рекоа нешто како „застани, застани“, двајцата не знаевме што се случува. Потоа ни кажаа дека се вклучи алармот за пожар. Најважно е дека сите се безбедни. Ова ми се случува првпат, се надевам дека никогаш повеќе нема да се случи“, рече Медведев.

Медведев набрзо го приведе мечот кон крајот и со 3-0 во сетови се пласираше во четвртфиналето каде ќе се сретне со Синер.

ПретходноБесир Демири пред потпис со Работнички!
СледноЗахариевски: Можам да ветам многу работа, можам да ветам дека Вардар ќе биде борбен и мотивиран! (ВИДЕО)