И тоа го има во Ј. Америка, поточно во Аргентина. Имено раководството на Банфилд му врачило отказ на тренерот Густаво Мунуа и тоа на полувремето од мечот со Институт. Уште побизарно е тоа што Мунуа тоа го дознал од социјалната мрежа Твитер каде што било објавено дека тој веќе не е тренер на тимот.
Натпреварот завршил со триумф на гостите од 1:2, а по мечот незадоволните фанови од тоа како се води клубот протестирале против челниците на Банфилд.
Ете, и тоа го има во Аргентина.