Хаос на УС Опен: Дел од мечевите во еден момент биле прекинати!

4098

На УС Опен се случи неверојатна ситуација, мораше да се прекинат сите натпревари кои се одиграа. Каролина Вознијацки и Беатриз Хадад Маја мораа да го прекинат својот дуел на десет минути, како и Данил Медведев и Нуно Борхес, а причината беше пожар.

Во зградата која се наоѓа надвор од самиот комплекс, во која е поставен системот „соколово око“ се огласил аларм за пожар. Превентивно сите морале да ја напуштат зградата, а кога тоа било пријавено кај супервизорите на натпреварот и надзорникот на турнирот, дуелите биле прекинати.

На крајот се испостави дека алармот се вклучил иако немало пожар, па натпреварите продолжиле. Данил Медведев рутински го доби натпреварот со Борегс 6:0, 6:1, 6:3 и закажа големо дерби со Јаник Синер во четвртфиналето, додека Бразилката Хадад Маја ја победи Каролина Вознијацки со 6:2, 3:6, 6:3.

Ова не е прв проблем на овогодинешниот УС Опен. Досега тенисерките и тенисерите редовно се жалеа на доцните стартови на натпреварите, што прв го посочи Новак Ѓоковиќ како проблем.

ПретходноРеал Мадрид тргнува по охриѓанецот Џеди Осман!
СледноСуарез низ солзи: Тешко ми е да го кажам ова, последен пат играм за Уругвај!