Ангеловски: Верувам дека болниот пораз од Загреб ќе се заборави со мечот од Супер-Купот

286

Актуелниот македонски првак, Пелистер го чека уште една тешка сезона. Покрај атакот на сите титули во домашниот шампионат, битолчани ќе бидат дел од Лигата на шампиони, а таму ќе се обидат да го поправат лошиот впечаот од лани кога на 14 меча запишаа исто толку порази.

Како ќе изгледа Пелистер во новата сезона ќе видиме утре кога во Гевгелија ќе ги одмери силите против Алкалоид во рамките на Супер-купот.

Пред оваа средба тренерот Бранислав Ангеловски направи мини-анализа на подготовките, како и на болниот и убедлив пораз од ППД Загреб, кој дефинитивно треба да ги загржи сите.

„Турнирите беа одбрани од мене и стручниот тим и задоволство беше да се игра на сите тие. Нашата замисла беше да направиме некоја ситуација која ќе не чека оваа година, а тоа значи дека ќе биде многу повеќе тешко за македонското првенство и секако поинтересно. Тој систем на натпреварување среда и сабота (ЛШ и мак-првенство) мораше да го изменаџираме со овие подготовки, одигравме преку десет меча со различен тип на екипи. Презадоволен сум од прикажаното на сите играчи, можеби овој висок пораз од Загреб дојде како последен тест, се насобра отсуство од дома и тие мечеви ден за ден, но верувам дека ќе се заборави со мечот за Супер-Купот против Алкалоид“, изјави Ангеловски. 

ПретходноИ покрај лошиот старт, Тен Хаг ужива во поддршката од раководството!
СледноБесир Демири пред потпис со Работнички!