Бесир Демири пред потпис со Работнички!

496

Работнички најверојатно ќе добие екстра засилување. Станува збор за Бесир Демири (30), искусниот лев бек, кој може да игра и како последен играч за врска. Тој беше дел од генерацијата на играчи до 21 година на Македонија кои настапија на ЕП 2017 во Полска.

Демири веќе два дена тренира со Работнички и во моментов се водат завршните преговори, па така за ден – два би требало да биде и промовиран од страна на клубот од Градски парк, се разбира ако дојде до конечен договор.

Последен клуб на Демири беше Гњилане од Косово, претходно играше за Шкупи, Вардар, Шкендија, има и интернационална кариера во Албанија, Украина, Молдавија, Словачка…

ПретходноАнгеловски: Верувам дека болниот пораз од Загреб ќе се заборави со мечот од Супер-Купот
СледноМедведев: Никогаш да не се повтори!