И официјално Осогово има нов тренер, а тоа е Горанчо Георгиев. Попладнево раководството на клубот од Кочани и официјално се пофали со својот нов стратег од како пред два дена, поради лошите резултати, се раздели со Добринко Илиевски.
Георгиев е некогашен познат фудбалер на Осогово, потоа кариерата го водеше во Силекс, Работнички, Шкедија, Победа, Брегалница Штип.
Во Осогово се надеваат дека со Георгиев како шеф на стручниот штаб, на тимот ќе му тргне и ќе дојдат подобри резултати.
ФОТО: ГФК Осогово ФБ