Лазаров пред Суперкупот: Пелистер е квалитетна екипа, наше е да го дадеме најдоброто од себе!

150

РК Алкалоид утре ќе го одигра својот прв официјален натпревар во новата сезона во предпремиерата на стартот на првенството.

Минатата сезона освоениот пехар во Куп на Македонија за прв пат го носи овој тим во Суперкуп дуелот каде што ќе се сретне со екипата на РК Е. Пелистер.

РК Алкалоид е спремен за првиот предизвик. Екипата го комплетираше подготвителниот период со пријателската контролна средба во Србија. Претходно настапи на меморијалниот турнир во Охрид.

Тренерот Кирил Лазаров, очекува тврд и тежок натпревар.

Ќе играме со многу цврста и квалитетна екипа, а можам да кажам и многу искусна. Пред нас е тешка задача и голем предизвик. Ќе го дадеме на терен нашето најдобро во моментот и спортски ќе се надеваме на позитивен резултат. РК Еурофарм Пелистер е уште поквалитетен од минатата година и очекувам квалитетен ракомет и на Суперкупот во Гевгелија“, изјави Лазаров во пресрет на натпреварот.

Битката за првиот пехар сезонава ќе се води на неутрален терен, а за град домаќин е одбрана Гевгелија и салата „26 април“. Почетокот на натпрeварот е закажан за среда, 19:00 часот, а директно ќе биде пренесуван и на МТВ.

ПретходноАбутовиќ: Столе и Владо ми рекоа – “зелено не ти стои убаво“!
СледноПотврдено: Брера се пофали со Горазд Михаилов! (ФОТО)