“Нема да носам маица од 600 евра кога знам дека мојата мајка заработува 700“!

715

Серџо Камело е херојот на Шпанија од ОИ во Париз. Имено во драматичното финале при резултат 3:3, напаѓачот на Рајо Ваљекано во продолженија постигна два гола за победа од 5:3, за злато за Шпанија.

Не само што е одличен фудбалер, Камело и како личност и како човек плени со својата скромност.

Јасно е дека како фудбалер во Ла Лига прима големи пари, но сепак тој останва цврсто на земја.

А за ова најголем доказ е ова што го изјавува:

Знам дека отсекогаш сме живееле скромно. Мене нема да ме видите во маица од 600 евра ако кога знам дека мојата мајка заработува 700. На мене нема да видите скап часовник кога знам дека мојот брат нема ниту еден. Тоа не е во ред. Знам многу играчи кои имале премногу пари па сега немаат ништо зошто едноставно не знаеле што да прават со парите“ вели Камело.

Секоја чест.

ПретходноРепрезентацијата се комплетира, се подготвува стратегија за Фараните (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноУЕФА ги намали цените на билетите на европските клупски турнири