Потврдено: Брера се пофали со Горазд Михаилов! (ФОТО)

240

Горазд Михаилов е назначен за шеф на стручниот штаб на првиот тим на Брера Струмица. Ова е одлуката на управата на клубот, откако пред два дена, спогодбено се раздели со српскиот стратег Бојан Круљ откако екипата го забележа и третиот последователен пораз во првенството.May be an image of 1 person, playing soccer and text

Горазд Михаилов денеска го превзеде тимот. Со играчите имаше состанок а го одработи и првиот тренинг на Спортскиот центар Пандев. Михаилов беше тренер на скопски Вардар каде во средината на август по победата над Пелистер си поднесе оставка.

Во стручниот штаб на Михаилов помошници ќе му бидат Тане Темелков и Тони Атанасов кој од младинскиот погон се префрлува во сениорите, кондиционен останува Дарко Коцев а со голманите Ѓорѓе Шопов.

Михаилов е добро познат на македонската фудбалска јавност и како играч и како тренер. Во својата кариера ги има водено и екипите на Силекс, Борец од Велес, Тетекс, Напредов, Пелситер и Охрид а извесен период беше и во Приједор во Босна и Херцеговина.

ПретходноЛазаров пред Суперкупот: Пелистер е квалитетна екипа, наше е да го дадеме најдоброто од себе!
СледноБура во Барса: Јамал му прави проблеми на Флик!