Суарез низ солзи: Тешко ми е да го кажам ова, последен пат играм за Уругвај!

230

Луис Суарез својот последен меч за уругвајската репрезентација ќе го одигра во петок против Парагвај, потврди тој на емотивна прес-конференција. Тој се пензионира како играч кој постигнал најмногу голови за Уругвај (69), само Диего Годин има повеќе настапи од него (142, Годин 161).

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, стрелец на повеќе од 500 гола (постигна 195 за Барселона, 111 за Ајакс, 82 за Ливерпул, 34 за Атлетико…), го делат четири месеци од својот 38-ми роденден и уште помалку од крајот на договорот со Интер Мајами, со кој има потпишано до крајот на годината.

„Тешко ми е да го кажам ова, но тоа ќе биде мојот последен настап за Уругвај. Размислував и анализирав. Тоа е вистинско време. Имам свои причини, но тешко е, многу тешко. Последниот натпревар ќе го игра со истиот ентузијазам како првиот што го играв во 2007 година, со ентузијазам на 19-годишно дете ќе го дадам максимумот, имам 37 години, ќе се борам до следното Светско првенство“, изјави Суарез задржувајќи ги солзите.

Суарез играше на четири светски првенства со Уругвај (2010, 2014, 2018, 2022), а во 2011 година со репрезентацијата ја освои Копа Америка. Оваа сезона за Интер Мајами има 16 гола и пет асистенции на 20 одиграни натпревари во МЛС.

ПретходноХаос на УС Опен: Дел од мечевите во еден момент биле прекинати!
СледноКако да доаѓа Меси: Навивачите на Галатасарај неуморно го чекаа Осимен (ВИДЕО)