Мемфис Депај на чекор до заминување во Јужна Америка

102

Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај може да ја продолжи кариерата во Јужна Америка. Според пишувањата на локалните весници во Бразил, Депај денеска добил понуда од бразилскиот великан Коринтијанс.

Мемфис се уште е без клуб по неговото заминување од Атлетико Мадрид. Севиља, Рајо Ваљекано и клуб од Саудиска Арабија претходно беа поврзувани со 30-годишниот напаѓач.

Сепак, ниту една од тие понуди очигледно не беше прифатлива за Депај, кој сега ќе ја разгледува најновата од Коринтијанс. Според бразилски извори, Коринтијанс понудил годишна плата од речиси пет милиони евра.

ПретходноМладите го одржаа официјалниот тренинг пред утрешниот дуел со Холандија (ФОТО)
СледноЧелзи продал два хотели до „Стемфорд Бриџ“ за да го „исчисти“ финансискиот фер-плеј