Салах најави заминување, на „Енфилд“ донесоа одлука!

1213

Ливерпул минатиот викенд го совлада Манчестер Јунајтед со 3:0 на „Олд Трафорд“, но по натпреварот сите беа шокирани од изјавата на првата ѕвезда на „црвените“, Мохамед Салах.

На крајот од натпреварот тој откри дека е подготвен да го напушти тимот чиј тренер е Арне Слот (45) на крајот на сезоната.

Влегувајќи во последната година од договорот, египетската ѕвезда јасно стави до знаење: Ако ништо не се промени, следното лето ќе го напушти Ливерпул.

„Како што знаете, ова е мојата последна година во клубот. Сакам да уживам што е можно повеќе“, изјави Салах по победата против Манчестер Јунајтед и додаде:

„Сè уште никој од клубот не разговарал со мене кога е во прашање новиот договор. Затоа велам ок, ќе ја одиграм мојата последна сезона, а потоа ќе видиме што ќе се случи понатаму“, вели Салах и одговара на прашањето дали веќе знае каде ќе ја продолжи кариерата. „Сè уште не го знам тоа. Навистина не знам…“.

Играчот кој дојде во Ливерпул за 42 милиони евра во 2017 година од Рома сепак би можел да заврши во клубот. Имено, веднаш по зборовите на Салах, управата на „црвените“ почна да работи на нов договор кој во најбрз можен рок ќе му биде претставен на Египќанецот.

Според Би-Би-Си, „црвените“ не сакаат ни да помислат да загубат таков играч и се подготвени да му дадат апсолутно се што ќе посака само да продолжи да игра на „Енфилд“.

Во 352 одиграни натпревари за Ливерпул, Египјанецот постигна 214 гола и забележа 92 асистенции. Меѓу трофеите што Салах ги има освоено со Ливерпул се титулите во Премиер лигата, Лигата на шампионите и европскиот Суперкуп.

ПретходноСупер Куп пресметка: Пелистер по трет пехар, Алкалоид по нова историја!
СледноНаџи и Мартин играчи се играчи на неделата, на платформата 2win.мк