УС Опен заврши за уште еден тенисер од Топ 4

411

Американскиот тенисер Тејлор Фриц се пласираше во полуфиналето на УС Опен победувајќи го четвртиот носител Александар Зверев со 3:1 во сетови (7:6, 3:6, 6:4, 7:6). Натпреварот траеше два часа и 27 минути.

Исклучително израмнет дуел во кој беа видени само четири брејка и на кој славеше локалниот тенисер. Се покажа дека по победата на Фриц, клучните гемови беа во тај-брејк во првиот и четвртиот сет, добивајќи ги убедливо со 7:2 и 7:3.

Од првите четири носители, меѓу првите четири остана само Јаник Синер, број еден тенисерот во светот.

Фриц во полуфиналето ќе игра против Фрaнсис Тиафо, кој славеше против Григор Димитров, кој го предаде мечот поради повреда.

ПретходноЌерката на милијардер влезе во полуфиналето на УС Опен
СледноМбапе и ПСЖ на средба која за „светците“ нема да биде пријатна