Алкалоид испиша нова историја, на сметка на Пелистер го освои првиот пехар во Супер Купот

372

Супер Куп трофејот оди во рацете на Алкалоид кој славеше против Пелистер со 30-33 за прв пехар во ова натпреварување. Момците на Кирил Лазаров повторно одиграа одличен натпревар и повторно им земаа пехар на фаворитите од Битола.

Вечерва момците во сини дресови уште еднаш покажаа дека фавортите постојат на хартија, за пехар треба борба, а тие го извадија максимумот.

Кизиќ имаше 12 одбрани, Костески запиша оусм гола, два помалку имаше Митев, пет запиша Симоноски. На другата страна Митревски имаше 11 одбрани, додека Кузмановски пет гола.

Пресметката почна според очекувањата, и двата тима беа максимално мотивирани. Алкалоид отвори со 0-1 и 1-2, на другата страна битолчани поведоа со 3-2 и 4-3.

По двете одбрани на Кизиќ (пет во осум минути), Алкалоид се врати и поведе со 4-6 во 9-та минута. Пелистер успеа да постигне три гола во низа за 7-6 во 12 минута, период во кој избраниците на Кирил Лазаров направија технички грешки, а битолчани ги искористија. После пет минути Алкалоид успеа да реализира за 7-8 на средината на првото полувреме.

Со погодоците на Серафимов, Митев и Костески, Алкалоид за првпат поведе со плус три (8-11) во 19-та минута. Актуелниот освојувач на Купот, водеше и со 9-12. Тука не застанаа момците на Лазаров, во 24-та минута поведоа со плус пет (10-15).

Покрај лошата игра, Пелистер во 26-та минута остана без Кузмановски, кој поради неспортски потег заработи син картон. Алкалоид до полувремето успеа да ја задржи позитивата од пет гола, резултатот беше 14-19.

Битолчани со два гола во првите две минути намалија на 16-19, Кизиќ спречи два чиста гола на противникот. Костески од седум метри во 35-та минута го постигна првиот гол за својот тим (16-20). Галевски одбрани пенал и спречи битолчани да дојдат на минус два при 17-20. Одбрана на Митревски, техничка грешка на Алкалоид беше доволна за да Пелистер дојде на 19-21 во 40-та минута.

Нова одбрана на Кизиќ беше причина за да момците на Лазаров да дојдат на плус четири во 49-та минута (22-26).

Манасков нешто подоцна од седум метри намали на 25-27 во 52-та минута. Митревски при 25-28 запиша важна одбрана, а Павле Атанасијевиќ погоди за 26-28 на шест минути до крајот. Серафимов успеа да врати, но неизвесноста продолжи.

Галевски спречи противникот да дојде на минус еден, а Симоновски на асистенција на Митев зголеми на 27-30 на две минути до крајот. По тајм-аутот, Павле повторно реализираше за 28-30, но Серафимов имаше одговор 28-31. И покрај големата желба да се вратат сепак не постоеше шанса, Алкалоид успешно и победнички го приврши мечот во своја корист и заслужено се радуваше.

ПретходноГолчиште на Марко Митев за најавни шпици (ВИДЕО)
СледноКизиќ му се удри од глава на Пелистер: Не го ставаа во ниту една комбинација, вечерва ги реши!