Гостивар го потпиша Сенегалецот Диата

237

Екипата на Гостивар се засили на десната крилна позиција. Раководството на клубот се договори со Сенегалецот Асане Диата, кој беше промовира доцна на полноќ.

Станува збор за 24-годишен фудбалер, кој може да ги покрие двете крилни позиции, а доаѓа од тимот Каршијака од Кипар. Во својата кариера Диата има настапувано за екипи од Сенегал како Гуедиваје, Тенгует и Пикине.

По четири одиграни коло во ПМФЛ, Гостивар е трет на табелата со скор од две победи и две ремија.

ПретходноТрапановски: Поквалитетни сме од Фарски Острови, одиме по трите бода!
СледноВинисиус: Одземете им го Светското првенство на Шпанците