Кизиќ му се удри од глава на Пелистер: Не го ставаа во ниту една комбинација, вечерва ги реши!

4302

Алкалоид е победник во уште една битка против Пелистер за трофеј. По Купот на Македонија, избраниците на Кирил Лазаров вечерва ги совладаа битолчани во битката за Супер Купот со 30-33 и испишаа нова клупска историја.

Ракометарите на Алкалоид одиграа уште еден одличен натпревар. Покажаа дека она што се гради и вложува во нив е најдобрата одлука која еден клуб ја донел во Македонија. Одиграа на високо ниво во одбраната, успеаја да го издржат големиот притисок во второто полувреме и на крајот сосема заслужено се радуваа.

Победата е тимска, но во центарот на вниманието се најде Марко Кизиќ. Репрезентативниот голман минатата сезона ја преседе речи цела на трибините, не беше ставен во ниту една комбинација, а вечерва на Пелистер и целиот стручен штаб заедно со раководството им се удри од глава. Токму Кизиќ до пред крајот го држеше својот тим во игра, зад него стојат 12 одбрани, тој беше причината што Алкалоид водеше со пет гола разлика, а успеа да се одбрани и во вториот дел.

Кизиќ е пример зошто треба да им се дава шанса на нашите млади и талентирани ракометари. Најверојатно после овој меч, многу нешта ќе се променат во сите клубови кога станува збор за оваа тема.

ПретходноАлкалоид испиша нова историја, на сметка на Пелистер го освои првиот пехар во Супер Купот
СледноЛегендата на турскиот фудбал е нов тренер на Барди во Трабзонспор